Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, најави дека од 1 февруари ќе се изврши ревизија на бонусите- надоместоците кои ги земале јавните обвинители но и други сорабоотници во СЈО.
Почитувајќи го интересот на граѓаните и сите засегнати страни одлучивме да направиме ревизија на надоместоците.
На ревизијата ќе работи тим од тројца ревизори од 1 февруари 2020 година.
Прашан што ќе биде предмет на ревидирање, Ацевски, рече дека ќе се проверуваат само надоместоците.
„Јавното обвинителство настапи со конкретно барање. Во суштина бараше да се изврши ревизија на сите надоместоци кои се исплатени на вработените во СЈО и на нивните соработници. Почитувајќи го нивното барање ние постапивме и затоа тоа ќе биде дел на ревизија“, изјави Ацевски.





