Фондот за иновации и технолошки развој потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на работата на Фондот за иновации и технолошки развој на тема „Финансиска поддршка (ко финансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој‘‘ и откри бројни неправилности при ангажирањето на лица.
„Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од
иновациска дејност и тоа:
– не е извршено ажурирање на Статутот на ФИТР со измените на законската регулатива, со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и др. состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност;
– извршување на активности од страна на ФИТР, кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со Планот на Владата на РСМ за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари;
– нецелосна реализација на мерките и активностите утврдени со Стратегија за иновации на РСМ 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015,2016-2018и 2019-2020 година. Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани;
– во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен
извештај за претходно спроведени активности“, стои во дел од Извештајот на ДЗР.
Исто така констатирано е дека Годишните програми за работа за период 2019-2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Поради зголемениот обем на работа ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари.
Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.
Линк до целиот текст.





