Што се однесува до елиминирањето на иредентизмот на што постојано инсистираше Грција, во спогодбата постигната за време на вчерашниот телефонски разговор меѓу премиерите Соран Заев и Алексис ипрас, постои предлог да се формира „Комитет“ кој ќе се (по)грижи по стапувањето во сила на договорот во ниеден учебник или помошен наставен материјал , како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат од во секоја од страние да не содржи какви било иредентистички/ревизионистиќки упатувања.
„Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали…“ стои во нон-пејперот чии деловуи веќе се преведени и на македонски.
„Комитетот исто така ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали а ќе се спостанува редовно, а најмалку два пати годишно.






