На социјалните мрежи врие откако е најавени дека највисоките владини претставници денеска на Велика сабота ќе прават ретроспектива на мерките преземени во битката со коронавирусот.
За голем број граѓани активни на социјалните мрежи најавата на министерот за здравство Венко Филипче за специјалната видео сесија каква што досега немаше ниту еднаш дури и кога имаше 107 заразени во еден ден е само политички маркетинг и обид да се искористи денот кога сите граѓани седат дома.
За многумина тоа што 4 владини министри на Велика сабота ќе се сликаат и ќе раскажуваат за теми што сами ги одбрале а кои се поклопуваат со нивните политички интереси е ефтин обид за освојување политички поени.
Предходно тројца од најавените, како што тврди градоначалникот Максим Димитриевски, без да бидат поканети заминале на средба со кумановскиот кризен штаб по што се наоѓаат во изолација.
Димитриевски со тоа имплицира дека непоканетите дошле без покана за да прават политички маркетинг.
Во канонадата критики најмногу настрада министерот Филипче кој нема да биде гледан поради очигледната намера за ПР злоупотреба на состојбата.
“Заради лошото друштво нема да ве гледаме ни вас. Не знам што би ни кажале Шекеринска, Бујар и Оливер”, е една од пораките до Филипче.
Заради лошото друштво нема да ве гледаме ни вас. Не знам што би ни кажале Шекеринска, Бујар и Оливер.
— Aleksandar Tortevski (@atortevski) April 18, 2020





