Таканаречените Шарени револуционери за само две години минаа од фазата “Не за фикус аболиција” до премолчено “Да за зајко амнестија”.
Откако предходно беа подготвени да загинат против аболицијата која претсесателот Иванов ја потпиша со цел помирување и смирување на тензиите сега Шарените револуционери скриени “Под јорган планина” молчат и живеат со срамот на двојните стандарди кои ги користат.
Дел од нив се обидоа да кажат дека се уморни, а некои од тие што станаа државни функционери се обидуваат да објаснат дека аболицијата е различна од амнестијата и дека сега има друг контекст.
И тие и тие знаат дека двојните стандарди им го одземаат правото во иднина да бидат дел од сериозна јавна расправа на било која сериозна тема.




