Ретко виден природен феномен се случил на Дебарското езеро (ФОТО)

Ретко виден природен феномен се случил денеска на Дебарското езеро.



Според фотографијата што ја објавува новинарот Емил Зафировски утринава Дебарското езеро било покриено со густа магла.

Густата магла не е реткост во дебарскиот регион но сега маглата го покрива само езерото на десетина метри над водата што е феномен кој не е запаметен во крајот.

Од фотографијата се гледа дека маглата не го достигнува патот Маврово – Дебар кој на некои делници се наоѓа на триесетина метри над езерото.