Угостителските објекти во кои се организираат свадби наскоро ќе може да почнат да работат согласно сегашните протоколи по кој работат „а-ла-карт“ рестораните.
Прославите ќе бидат организирани со 40 до 50 лица во зависност од капацитетот на угостителскиот објект, но без музика и ора.
В понеделник повторно ќе имаме средба во Влада со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски и ќе се договориме за деталите. Ние бараме да се тргне членот 14 од Уредбата, донесена на 23 јуни 2020 година, со кој се забранува организирање на прослави. Во почетокот тие ќе се организираат без музика и ора, односно нема да има класични свадби туку тоа ќе биде еден вид свечена вечера или свечен ручек по повод стапување во брак на младенците, изјави за ВЕЧЕР, Перица Голомејиќ, од Иницијативен одбор за организирање на протестите.






