Републиката во пламен: Активни пожари на 12 локации

Центарот за управување сопшти дека денеска во 13 часот во државата имало активни пожари на 12 локации.



о кризи на страницата објави информација за активните пожари на отворено до 13 часот.

Во скопскиот регион пожари се регистрирани во месноста Љуботенски бачила за каде е побарано ангажирање на авиони за гаснење на пожар кој зафатил поголема површина на нискостеблеста дабова шума.

Пожар има во близина на фабриката за тули „Типо“ – Драчево има активен пожар кој зафатил и дел од пругата и кај манастирот Св. Богородица – Матка.

Во битолски регион, активен е пожарот кај селата Прељубје и Покрвеник.

Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан, на местото викано Кале се движи кон село Отешево, а опожарени се околу 70 хектари.

Ограничено е гасењето од земја од причина , што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.

Во тетовскиот регион, се уште е активен пожарот кај с.Лакавица, општина Желино.

Активен пожар има во атарот на село Рамне охридско, во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека.

Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума..

Во велешкиот регион, активен пожар има во атар на с. Црешнево

Во кумановскиот регион, во моментов има активен пожар во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре.