Според повеќето прогнози, републиканците ќе победат во Претставничкиот дом, додека ситуацијата во Сенатот е неизвесна, по вчерашните избори за американскиотн Конгрес.
Прелиминарните резултати покажуваат дека републиканците досега имаат 179 места наспроти 142 за демократите. За мнозинство во претставничкиот дом се потребни 218 мандати.
Во Сенатот, според првичните резултати демократите водат со мала предност од 1 мандат.
Сепак, ртешавачки ќе бидат гласовите од сојузната државата Калифорнија клоја носи најмногу – 52 гласови за Конгресот.
Популарно наречените среднорочни избори, бидејќи се одржуваат на половина пат од претседателскиот мандат, традиционално се и еден вид референдум за актуелниот претседател.
Речиси по правило партијата на власт во Белата куќа ја губи моќта во Конгресот по овие избори.
Во сегашниот Претставнички дом, демократите имаат тенко мнозинство (222 спрема 213) и речиси бењше сигурно дека ќе изгубат сигурно дека сега ќе го изгубат.







