Републиканските конгресмени денеска во Претставничкиот дом го блокираа барањето на демократите се кое повикува потпретседателот Мајк Пенс да започне постапка за измени и дополнувања на американскиот устав, што ќе овозможи смена на претседателот Доналд Трамп од функцијата.

Демократите во парламентот побараа резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја блoкираа, пренесува Ројтерс.
Демократите најавија дека утре ќе побараат гласање за резолуцијата , кога ќе бидат забалежувани гласовите.
„Нашиот следен чекор ќе биде да овозможиме повлекувањето да се изврши до крај. Претседателот е закана за Америка и тоа е итно прашање, поради што тоа ќе биде нашата следна акција“, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.






