Бискупот Киро Стојанов во катедралната црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје откри спомен-плоча во чест на минатогодишната посета на папата Франциск на Македонија, на која ја нема „Северна“.
„Неговата светост, папата Франциск, за време на своето 29. апостолско патување во Р. Македонија на 7 мај 2019 година ја посети оваа скопска катедрала и се сретна со свештениците, нивните семејства и богопосветените.
Оваа плоча во знак на благодарност на троединиот бог заедно со богопосветените лица и верниците на црквата во Македонија ја поставува монс. д-р Киро Стојанов, бискуп“, пишува на плочата за која објави на Твитер скопскиот катедрален парох Давор Топиќ.
Во текстот на англиски на истото спомен-обележје со цело „име и презиме“ е спомената Република Македонија.






