Во текст со наслов “Шилегов се излежава кај Брат Љубе во Ровињ, Апасиев во монденско одморалиште во Црна Гора?” Република.мк пишува за отсуството на градоначалникот на Скопје и лидерот на Левица од државава додека во Македонија беснеат пожари.
Скопските пожарникари во четвртокот го имаа најактивниот и најтежок ден рече командантот на скопската противпожарна единица на град Скопје, Владимир Симоновски вчера. И покрај 22-те интервенции и пожарите што наеднаш се појавија на неколку локации околу главниот град, на лице место не беше и градскиот татко, Петре Шилегов, кого го нема во јавноста веќе неколку дена.
И јавноста и дел од опозициските партии обвинија дека за време на оваа катастрофа, Шилегов е на одмор. Шпекулациите велат дека тој веќе некое време е во Хрватска и тоа во вилата на Љубе Бошковски. Станува збор за луксузна вила во местото Бале, кај Ровињ на Истра, пишува порталот.
Иако за македонската јавноста вилата „Лав“ е позната по тоа што е во сопственост на Бошковски, за регионалната е позната како местото во кое се венча хрватската пејачка Северина.
Северина се омажи во вилата на Љубе Бошкоски
Од Град Скопје повеќе од 30 часа нема одговор на нашите прашања дали скопскиот градоначалник во моментот го користи годишниот одмор пишува Република која на на истото прашање, но за лидерот на партијата Димитар Апасиев, нема добиено одговор ни од прес-центарот на Левица, каде од вчера никој не кревал слушалка ниту одговара на официјалниот мејл.
“И за лидерот на Левица, кој останува гласен на социјалните мрежи, но тивок во одговорите кон медиумите, се зборува дека е на одмор. Шпекулациите велат дека Апасиев се сонча во Црна Гора, но не во обичен смештај, туку во ексклузивно и монденско одморалиште”, објави Република.






