Се повторува ситуацијата од 2017 година. Актуелниот француски претседател Емануел Макрон одново во вториот круг на претседателските избори што се одржуваат денеска се соочува со Марин Ле Пен.



Ако победи Макрон најави забава на Ајфеловата кула

Истражувањата покажуваат дека ситуација од пред пет госдини ќе се повтори сега.

Во првиот круг пред две недели, актуелниот претседател освои 27,8 отсто, а неговата противкандидатка 23,1 отсто од гласовите и како најдобропласирани влегоа во вториот круг.

Според последните објавени анкети, се очекува Макрон да победи со 57 отсто гласови во однос на Ле Пен, која би можела да добие околу десетина процентни поени помалку.

Ова е трет обид на Ле Пен за влез во Елисејската палата, а нејзин пораз ќе значи и смена на раководството на нејзината партија Национален фронт.