Репрезентативецот Трајковски во небрано поради фото со “Северна”

Репрезентативецот Александар Трајковски објави дека националниот тим пристигнал во Романија на Европското првенство во фудбал со фотографија на која се гледа и автобусот на ФФМ.



Во коментарите на Твитер многумина на Трајковски му забележуваат што на фотографијата се гледа зборот Северна (NORTH) наместо да се гледа само зборот Македонија.

Некои му забележуваат што за разлика од зборот Северна кој се гледа цел тој на фотографијата го пресекол зборот Македонија.

Дел од пријателите цинично му сугерираат да се слика поблиску до автобусот за да се види поубаво Северна а некои директно бараат да не се гледа Северна туку само Македонија.

Знаејќи дека Трајковски и другарите се под голем притисок пред ЕП и мечевите против Украина, Австрија и Холандија сепак тој од граѓаните не доби жестоки критики какви што вообичаено добиваат политичари.

Сите коментари на Твитер