„Репортери без граници“: Влошена состојбата со медиумите во Македонија

Во својот најнов извештај на меѓународната организација Репортери без граници за слобода на информирање се тврди дека во Македонија се влошува состојбата со медиумите.



Во делот од глобалниот извештај кој се однесува на земјава се вели дека културата на неказнивост опстојува а
2020 година беше посебна година за Република Македонија.

“Парламентот беше распуштен и привремената влада ја презеде власта. Среде итна здравствена состојба поради пандемијата, земјата мораше да ги одложи предвремените парламентарни избори.

Состојбата со медиумите се влоши, бидејќи продолжија традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот, а сајбер-навредите и вербални напади против новинари се зголемија на социјалните мрежи.

Овие практики ја зајакнуваат културата на неказнивост во земјата.

Пандемијата „Ковид-19“ исто така им отежнува на новинарите да ги следат настаните.

Организациите што ги застапуваат медиумите остро се спротивставија на различните предложени измени и дополнувања на законот за приватни и јавни аудиовизуелни медиумски услуги, одобрувајќи рекламирање на јавни институции во медиумите, бидејќи тие можат да поттикнат клиентелизам.

Министерството за правда работи на нов Кривичен законик, со кој се очекува да се подобри безбедноста на новинарите и медиумските работници”, пишува во извештајот за Македонија која се наоѓа на 92 место во 2020 а на 90 место во првите 3 месеци за 2021 година.

Пред Македонија на листата се Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, најголем дел европски и огромен број африкански, јужноамерикански и азиски земји.

Од регионот зад Македонија се само Србија која е на 93 и Бугарија на 112 место од вкупно 180 држави на светот.

Организацијата Репортери без граници е формирана во Франција и таа има сериозни влијание врз погледот на официјален Париз кон демократските процеси во земјите меѓу кои и кон кандидатите за членство во ЕУ затоа што слободата на медиумите е еден од важните делови на критериумите во процесот на зачленување.