Ремонт: Газпром на три дена ќе го запре гасот преку „Северен тек“

Транспортот на гас преку гасоводот Северен тек ќе биде во прекин од 31 август до 2 септември поради планирани технички работи, соопшти денеска Газпром.



„Единствената работна пумпна единица „Трент 60“ ќе биде стопирана три дена заради одржување и превентивно одржување“, се вели во соопштението, пренесе РИА „Новости“.

Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе вршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс“, забележува Гаспром.