Градежната компанија Божо Илоски „Ремис“ од Охрид, која претендира да гради поголем број на станбени објекти во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје , ја зголеми основната главнина со паричен влог од 14 милиони евра, пренесува Факрор.мк.
Промената во Централниот регистар покажува дека има 834.256.336 денари уплатен дел на сметката на „Ремис“. Останува да се види дали „Ремис“ планира да ги користи средствата за уплата на потребните комуналии или пак за инвестициски активности.
Еден од содружниците Предраг Виќентијевиќ, кој наедно е и сопственик на поголемиот дел од земјиштето, во телефонскиот контакт кој го остваривме ни рече дека се уште не е ништо испланирано докрај и дека, како што ни рече, тој е само еден од сопствениците на „Ремис“ со помал удел во компанијата.
Откако поголем дел од просторот на напуштениот индустриски капацитет беше вратен со денационализација на семејството Виќентијевиќ од Скопје, градежните фирми почнаа да фаќаат позиции на теренот, каде што според деталниот план имаше градежни маркички за 30 згради.
Инаку Општина Центар ја издаде првата градежна дозвола за кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје, по што се очекува набрзо да започне и изградбата на првиот објект.
Линк до целиот текст.
https://faktor.mk/remis-podgotvi-startni-14-milioni-evra-za-gradenje-kaj-treska






