Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 со Словенија во Љубљана и со четири бода ќе го очекува јунскиот двомеч од квалификациите за Европско првенство 2020.
Миха Зајц ги доведе во водство „змајчеки“ со глава во 34. минута, а конечниот резултат го постави Енис Барди во 47. минута.
Македонија имаше уште две стопроцентни можности да ги однесе сите три бода од првото гостување во овој циклус, и двете во првото полувреме, кога капитенот Горан Пандев и Барди биеја над голот.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го делат второто место со Израел во групата Г пред дуелите со лидерот Полска (6 бода) на 7 јуни и со непријатното изненадување Австрија (без бодови) три дена подоцна, исто така во Скопје.





