Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 со Казахстан и со освоениот бод избори пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство 2024 во Северна Ирска.
Ремито го донесе Адријан Зенделовски со голот во 81 минута, откако Казахстанците поведоа по 25 минути игра преку Жансултан Мухаметханов, кој во 60. минута беше исклучен поради втор жолт картон.
Освоеното второ место во петтата група во полскиот град Торун, е успех за почит од избраниците на селекторот Тони Јакимовски како селекција рангирана на 39. место меѓу 53 улесници во квалификациите, посебно ако се има предвид триумфот од 2:0 над домаќинот Полска на стартот.
Покрај Македонија и Германија, во елитниот круг квалификации за ЕП досега се пласираа и Норвешка, Летонија, Чешка, Романија, како и прворангираната Португалија. Ждрепката е во декември.






