„Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна. Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја“ – смета пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, која е универзитетска професорка на Факултетот за безбедност.



Според неа, современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третираат, да ги превенираат и да постапуваат доколку се случат.

Но Ременски смета дека целта не била постигната

„Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот. Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси“, стои во објавата на Ременски на Фејсбук.