Ременски: Видов се’, освен докази

Три и пол часа траеше увидот на пратеничката Фросина Ременски во доказниот материјал за „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, по кој не сакаше да ја коментира обемноста на материјалот, ниту што има во доказите.



„Јас на прашања ќе одговарам кога ќе дадам изјава пред јавен обвинител. Видов сè, освен докази. На ниту еден документ, дел од доказите, немам ставено потпис“, рече таа.

Ременски не сакаше да одговори дали се среќавала со бизнисмените оштетени во случајот со невладината Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, ниту за 750-те илјади евра, кои наводно биле префрлени на сметка кај пензионерка од Скопје.

Исказ пред обвинителката Vilma Русковска, пратеничката треба да даде утре.