Ременски: Русковска ќе помине полошо од Јанева

„Последното викенд-интервју на ЈО Вилма Русковска, налик на проштално доби наслов „Не можат да ме сменат и да сакаат“ – изведен од еден одговор на прашањето дали очекува да биде сменета како што „шушка чаршијата“.



Да не прочитав дека, Русковска го изјавила тоа, ќе мислев дека е стар наслов по една изјава на Катица Јанева која на ист таков тон, откако даде исказ кај Вилма Русковска, повикувајќи се на законот изјави дека, „не можат да ја сменат“- објави на Фејсбук поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.

„Аналогијата на оваа „незаменливост“ ме поттикна изворно да напишам збор-два за промашената суштина на интервјуто во кое Русковска покажува сериозно непознавање на тоа што општеството очекуваше и очекува од обвинителството што го раководи таа. Но, прилично дискутабилно станува и нејзиното „разбирање“ на организираниот криминал, воопшто.

Поената на овој статус не е „смената на Русковска“ кое неминовно ќе се случи. Повеќе од убедена сум дека ќе се случи порано или подоцна, на полош (за неа) начинот од нејзината колешка Јанева – по нејзина заслуга. Полош во смисла на тоа дека, ќе го плати цехот на сите „удбашки услуги“ и многуте други правни гревови во низа… “ пишува Ременски која најавува неколку продолженија на оваа тема.

Објавата на Ременски на следниот ЛИНК