Потпретседателката на македонското Собраниер Фросина Ременски се огласи на Фејсбук и го повика ОЈО да ја истражи нејзината улога во невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски -Боки 13 кој е притворен за мега скандалот за уценување и изнудување „Рекет“.
„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема.
Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.
Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина.
Политичката култура и етиката не ми дозволува да делам лични квалификации, лекции за добро однесување и одговорност за дифамацијата, хибридната етика и субверзивната пропаганда. Тие лекции ќе добијат друга форма, пак со име и презиме“.





