Поранешната министерка за труд и социјална политика во техничката влада на Емил Димитриев, експратеничка и бивша потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, покрај со обвинението за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13, си има мака и со – кокошките…

Откако доби најразлични совети, меѓу кои доминираше тој да им даде да пијат вода од кора од јасен потопена во неа, Ременски се заблагодари за помошта: „Ви благодарам многу на сите кои коментиравте и во инбокс ми препорачавте сè што не сме направиле. Да сте живи и здрави сите“.





