Ременски очекува соработка со новиот министер за внатрешни

„…очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон“, изјави пратеничката Фросина Ременски за која Основното обвинителство денеска покрена обвинение против неа и други 4 лица за случајот „Меѓународен сојуз“, на Боки 13.



Ременски рече дека токму овој ден кога во Собранието треба да биде изгласана техничката влада, не е случајно избран.

„Факт е дека причините за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен“, рече Ременски.

За одлуката на ЈОременски вели дека е избрзанаи е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение.