Случајот Меѓународен сојуз е далеку од правна логика и креиран од извршители на антисистемот од типот на Русковска. Дефинитивно е заговор. Во судница не се одвиваат работите како што вели таа.



Кога неправедно ќе обвините правдољубив човек нема тој од што да се срами, треба да се срамат институциите. Очекувам во партијата да не се вклучуваат во пропагандата на Русковска. Па и Заев беше на судска клупа кога беше мандатар, вели Ременски за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

Фросина Ременски вчера ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.