Професорката Фросина Ременски вели дека е времње обвинителката Вилма Русковска да се соочи со одговорноста, наместо да изигрува жртва.
„Не гледам зошто еден јавен обвинител би бил „заштитена мечка“ и за него да не важат правилата на игра во рамки на законот, и зошто се алудира на некаква солидарност, внатре обвинителска кој зад кого требало да застане, имајќи го во предвид законот за јавно обвинителство го обврзува државниот јавен обвинител да врши надзор и контрола над работењето на обвинителствата каде тој е надлежен“, вели Ременски во летното издание „Click21“ на ТВ21 каде разговаравме и за обвинителката Вилма Русковска.
Според Ременски „Извештајот за спроведениот претрес во финансиската полиција, што е направен како контрола по надзор и наредба на Државниот јавен обвинител содржи многу по мали прекршувања на јавно обвинителската функција на Вилма Рускоска во контекст на веќе докажаниот незаконски претрес кај потпретседател на Собрание“, вели Ременски






