Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи увид во доказите за случајот поврзан со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски.



Ременски, која беше почесен претседател на „Меѓународниот сојуз“, ги избегна новинарите и влезе на задниот влез во Обвинителството, јави Макфакс.

Фросина Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „измама“ и „перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа, заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Според истрагата, во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовсновски, како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Пратеничката Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата – заедно со првоосомничениот присуствувала на средбите организирани од Јовановски, при што го искористила својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, покажа истрагата која ја води Русковска покажала дека Ременски како функционер,

Пред три месеци Ременски за прв пат беше повикана од Русковска да даде изјава во Обвинителството.