Ременски на Рускоска не ѝ верува

Третобовинетата во случајот за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Фросина Ременски, соошти дека до Јавното обвинителство поднела барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска.



Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за „Меѓународен сојуз“, во кој обвинети за измама и перење пари се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска.

Предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, а според Обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови, за што вкупно исплатиле над 1 милион евра.

„Денеска пред почетокот на судското рочиште за Меѓународниот сојуз во кој сум третобовинита, во Јавното обвинителство поднесов барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител, преку кршење на правата на мене, и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции“, рече Ременски.

Таа рече дека нема голема верба во позитивното одлучување по ова барање бидејќи „Јавното обвинителство во многу случаи пријавени од мене нема исход од целокупните пријави, но тоа ќе зборува за другата компонента на целиот случај кој е пропагандно претставен, а сега во кампања се користат сите елементи за да се профитира со некаква правда и неселективност на институциите“.