Ременски: Ја спасив мајката на Боки 13 од отказ, така се запознавме…


Во интервју за „Слободен печат“ кое ќе биде објавено утре, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски раскажува како се запчознала со Бојан Јовановски.



зборува за случајот „Рекет“ и нејзината поврзаност со осомничениот Бојан Јовановски.

„Бојан го запознав сосема случајно во периодот кога дознав дека во борбата со кадровските непринципиелности што се водеа за време на мојот мандат како технички министер за труд и социјална политика, дознав дека сум „спасила“ неколку вработени од отказ од работа, затоа што пријавиле криминал во секторот во кој работеле.

Го запознав по негова желба да ми се заблагодари за спасот на неговата мајка, но во тој период. Тој беше своевидна служба за социјални работи во тоа време. Не е убаво да ги заборавиме гестовите кои ги правеше за многу семејства.

Во таква една спонтана комуникација ние станавме пријатели кои делеа идеи, размислувања за општествени состојби. Секој што го познава Бојан ќе каже дека е добар за друштво и принципиелен другар. За жал многумина не сакаат тоа да го признаат.

Моето познанство е можеби помало од она што Бојан го имаше со други мои сопартијци и други лица од бизнис заедницата“, вели Ременски.