На социјалните мрежи се споделуваат бројни коментари откако беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да биде министер за внатрешни во техничката влада од 3-ти јануари бидејќи бил воено лице.
Министерката за правда, Рената Дескоска, реагираше на предлогот, со образложение дека тоа е спротивно на член 97 од Уставот според кој министер треба да биде цивино лице.
Граѓани пшотсетуваат дека во минатото ова неколку пати било прекршено.
Меѓу нив и пратеничката и потпрестедател на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски која коментирајќи на објава на Фејсбук потврди дека до сега веќе три пати членот 97 не бил испочитуван.






