Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем. За мене ова не е неочекувано и е голема опомена час поскоро да се направи реструктурирање на редовите на рамките на институциите по однос на одговорноста, за прашањата за оваа „дозволена неказнивост“,изјави во Утрински брифинг професорката и поранешна министерка Фросина Ременски.
Споменувајќи го случајот Таргет – Тврдина Ременски вели дека е зачудена како Сашо Мијалков и сите останати во процесот, не ја дочекаа пресудата во притвор.
„Зачудува леснотијата со која што и ЈО и Судот, а секако и полицијата во делот на превентивата, го занемарува моментот дека токму запретената казна во овој случај, дозволи Мијалков да биде на слобода и да ја дочека пресудата и да не се даде во бегство“, вели Ременски.






