Ременска сепак подлабоко го познавала Боки 13 (ФОТО+ВИДЕО)

Потпретседателката на Собранието Фросина Ременски денеска ја збуни јавноста со тврдењето дека со Боки 13 се познава површно.



Пратеничката на СДСМ и почесен претседател на Меѓународниот сојуз Фросина Ременски по денешниот исказ за „Рекет“ рече дека како претседател на организацијата немала никаква формално-правна обврска да учествува во органите на организација.

Сепак од фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи се јасно се гледа дека не се работи за обично познанство туку за сериозен и длабок однос кој имал не само пријателски релации туку дека нејзината улога во Меѓународниот сојуз е и од формално – правна природа.

Таа самата признава дека со Боки 13 е искрен другар.

Блискоста меѓу неа и газдата на 1тв ја потврдува и Боки 13 кој е воодушевен од нејзиниот подарок.

Има ли потреба од подобар доказ дека се работи за големо другарство и одлично познанство на тоа што го работел Боки 13 од видеото во кое таа најавува соработка на Владата со неговата организација на чие чело била таа.

Можно ли е Ременски јавно пред камери да најавува соработка меѓу државата и Боки 13 ако добро не го познавала.