Религија.мк: Упад на ПОА на Вранишковски во храм на МПЦ-ОА

Води ли некој евиденција кој се служи низ македонските цркви и манастири? Кој дал дозвола попови, од нерегистрирани верски заедници и без дозвола за ваква дејност, како ,,јанкесеџии” да се рашетуваат низ црквите и манастирите на МПЦ-ОА?



Ова прашање го поставува порталот религија.мк кој бара одговор и од Комисијата за односи со верските заденици дали ќе реагира ли за ваквото скандалозно кршење на законите?

,,Овие сериозни прашања се наметнуваат, откако вчера за Свети Сава, свештеник на српската ПОА служел во манастирот “Свети Никита” во скопско.

Настанот го организрало некакво Здружение за заштита на српските споменици во Македонија, и се тоа преку телевизија Србтел го документирало.

Никој не знае кој му дозволил на свештеникот на ПОА да служи во цркви и манастири на МПЦ-ОА, бидејќи за овој настан не била известена ниту скопската епархија во чија надлежност е манастирот “Свети Никита”.

На настанот покрај осветување на славски колач од видеото може да се види како се велича српското духовно наследство.

Инаку, во случајот спорна е дрскоста некој да ги узурпира црките и манастирите на МПЦ-ОА, а притоа да го негира нејзиното постоење и тоа без да побара елементарна дозвола за такво нешто.

МПЦ-ОА како црква никогаш не би оспорила чествување на кој било празник на Светител од која било етничка заедница и на такво чествување би испратила и свој свештеник, ако такво нешто од нејзе биде побарано”, пишува порталот.

Погледнете го видеото.