Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј проф. Д-р Никола Јанкуловски ветува дека најстариот македонски универзитет ќе продолжи да биде стожер на македонската држава и наука и двигател на позитивни трендови во општеството.
Во интервју за весникот на Македонското лекарско друштво тој дава приказ на состојбите во УКИМ, на медицинскиот факултет каде што е професор, а зборува и за позицијата и улогата на македонските лекари и за други актуелни теми.
Интервјуто ви го пренесуваме во целост:
Почитуван Ректоре. Ова ви е втор мандат на највисоката функција на најстариот Универзитет во државава. Може ли да наведете кои се најважните новини
коишто ги воведовте на УКИМ за време на вашиот прв мандат?
За време на мојот прв мандат како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнаа многу процеси, се конкретизираа многу иницијативи за
соработка како и прогресивни идеи чии бенефити веќе ги гледаме и ги чувствуваме во нашата работа и операционализацијата на разновидните активности на УКИМ.
Навистина е тешко во интерес на времето и на медиумскиот простор да издвојам една или неколку новини кои
го одбележаа мојот прв мандат. Сепак, после долго размислување, најпрво би го издвоил создавањето на
Центарот за трансфер на технологии ИНОФЕИТ.
Самиот назив зборува за неговата улога, односно дека преку него
се унапредуваат науката, истражувањето и образованието.
Понатаму, неговата улога е и размена на информации за достигнувањата и искуствата во дејностите на факултети-
те и институтите на централно ниво, како и трансфер на знаењата.
Во 2018 одг., Европската инвестициска банка изврши детална анализа со која ИНОФЕИТ беше избран
како единствен кандидат од регионот кој има капацитет да
прерасне во регионален Центар за извонредност во од од три години. Исто така, би сакал да ги нагласам и заед-
ничките интензивни активности со членките на УКИМ за
зголемување на бројот на студиски програми достапни на
англиски јазик кои придонесуваат нашиот Универзитет да стане поатрактивен за странските студенти а исто така ќе
помогне при реализирањето на заеднички студиски програми (joint degree) и подобрување на уписната политика. Трета
работа за која особено се гордеам е одмрзнувањето на главнината на средствата на Фондацијата „Атанас Близнакоф” која се наоѓа во САД.
Веднаш по моето стапување на дол-
жност бев известен од службите во Ректоратот за оваа состојба и презедов итни чекори за надминување и разрешување
на проблемите, и во САД и овде кај нас. Благодарение, пред сè, на личните контакти кои ги имам со дел од македонската дијаспора во Чикаго, заедно со проректорката за финансии,
инвестиции и развој на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелов, успеавме каматата на главнината сукцесивно да се префрла
во Македонија, секако, согласно со американските и македонските законски прописи. Така, средствата на Фондацијата
„Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за студентски стипендии, покрај од
камати од финансиските средства орочени во банка во Република Македонија, сега се обезбедуваат и од
каматите од ослободените средства што се наоѓаат во банка
во Соединетите Американски Држави од дивиденди, камати
и сл. Напомнувам дека главнините не се трошат.
Координирањето на сите овие активности не велам дека беше едноставно, но кога се има волја да се направи нешто,
тогаш не постојат пречки кои не може да се разрешат. Со задоволство можам да кажам дека сега вкупниот износ доби-
ен од каматите од двете главнини е драстично поголем од
износот во минатото. Исто така, би сакал да нагласам дека
голем број оперативни активности во првиот мандат беа и во
знакот на имплементацијата на Закон за високо образование
донесен во мај 2018 година, односно усогласување на регула-
тивата на УКИМ согласно барањата.
Од донесувањето на
новиот Закон за високо образовани, па сè до денес, беа пре-
земени и континуирано се преземаат бројни активности на
УКИМ и на неговите членки со цел, усогласување на започ-
натите процеси и активности, како и преземање на нови
активности за негова реализација. Тоа е доста комплексен и
обемен процес, односно значи донесување на нов Статут на
УКИМ, нови статути на членките, нови
правилници…..
Секако, во првиот мандатен период имаше и многу, многу други значајни активности, но се одлучив во
оваа пригода да спомнам само неколку.

Кои се акутните проблеми
со кои се соочува Универзитетот?
Комплексно прашање на кое ќе се обидам да дадам едноставен одговор. Сите акутни проблеми со кои се соочува
Универзитетот се врзани со недостатокот на финансиски средства кои се неопходни за обезбедување на неопходните
човечки и материјални ресурси нужни за секојдневното работење и за развојот на Универзитетот во сите негови сфери.
Неадекватното финансирање на УКИМ, посебно во делот на
научноистражувачката дејност и платите на професорите,
ограничувањата на трезорското работење, повеќегодишното
необезбедување на научен подмладок поради обезбедување
на проста репродукција на академскиот кадар се ограничувачки фактори кои секојдневно сме принудени да ги бајпаси-
раме со цел за непречено одвивање на процесите и активностите.
Но, за жал, тоа се само привремени решенија.
Верувајте, не застануваме и не се задоволуваме со привреме-
ните решенија, туку сме најстојчиви во нашите барања овие
акутни прашања да резултираат со трајно и системско решение.
Можете ли да ги посочите главните насоки за развој на Универзитетот што ги зацртавте во Вашата програма?
Што сметате дека е приоритетно да се направи или промени во областа на наставата и науката?
Сметам дека е неопходно стимулирање и создавање на услови за развој на дух на хуманистичка традиција втемеле-
на на највисоки научни и етички дострели. Универзитетот
бил и ќе остане средиште каде се зацврстуваат и унапредува-
ат знаењето и моралните стандарди пренесувани од генерација на генерација, што пак обезбедува слободно и автономно делување на универзитетите како заедници на професорите и студентите. Продолжувајќи ја својата определба за негување и интернационална афирмација на традиционалните обележја и вредности, Универзитетот ќе продолжи да ја
зајакнува стожерната улога на матица на научниот, културниот, уметничкиот развој, задржувајќи го приматот на висококвалитетна интелектуална база на креаторите и двигателите
на нашата општествена стварност и живеење. Само со созда-
вање на предуслови за интегрална поврзаност и хармонична
усогласеност во развојот на наставата и науката може да се
обезбеди квалитетно образование, создавање научен подмла-
док и издигнување на врвни стручњаци неопходни за успешен развој во сите домени како движечка сила во вкупните
развојни процеси. Императив е УКИМ и во мојот нареден мандатен период да продолжи да презема мерки и активнос-
ти со цел зајакнување на реализацијата на уставно загаранти-
раното право за автономијата на Универзитетот.
Универзитетот ја врши високообразовната и научноистражувачката дејност врз принципот на академската автономија
која опфаќа академска слобода, автономија во управувањето
и неприкосновеност на автономијата со отчетност и одговор-
ност за своето работење. Академската автономија ја гаранти-
ра интелектуалната слобода на членовите на академската
заедница и творечката природа на истражувачкиот и образов-
ниот процес, како врвни вредности и способности кон опш-
тествената заедница во којашто дејствуваат. За да може
Универзитетот целосно да одговори во исполнувањето на
неговата мисија и визија, неопходни се многу предуслови, а
посебно финансиска и кадровска автономија, а не делумна,
декларативна или рестриктивна.
Приоритетна програмска
задача е и етапната реализација на концептот за унапредува-
ње на дигитализацијата на УКИМ преку воведување на нови
ИТ-поддржани услуги и развој на сметачко-комуникациската
инфраструктура. Актуелните случувања со заразата која сѐ
уште е во тек, дополнително го апострофираа значењето на
информатичката технологија како дство во реализацијата на наставата. Од друга страна, со помош на имплементацијата на современи технолошки алат-
ки и информациски услуги во секојдневното работење на
Универзитетот ќе се воспостави еден двонасочен процес
преку кој најновите достигнувања на светската наука ќе ста-
нат попристапни на домашната научна фела од УКИМ, а од друга страна ќе се создадат услови за зголемување на видливоста и достапност незаменливо помошно средство во реализацијата на наставата.
Од друга страна, со помош на имплементацијата на современи технолошки алатки и информациски услуги во секојдневното работење на
Универзитетот ќе се воспостави еден двонасочен процес
преку кој најновите достигнувања на светската наука ќе ста-
нат попристапни на домашната научна фела од УКИМ, а од друга страна ќе се создадат услови за зголемување на видли-
воста и достапноста на научната и уметничка продукција на
нашиот Универзитет како најеминентен чинител на образованието и науката во земјата. Сето ова ќе придонесе кон
модернизација, збогатување и осовременување на образов-
ните и научните процеси, како и подобро и поверодостојно
рангирање на нашиот Универзитет во регионални и светски
рамки. Позитивните ефекти ќе се одразат и на административното работење на службите кај единиците во состав на
Универзитетот како и кај централната административна служба во Ректоратот со осовременување на работниот про-
цес, зголемување на ефикасноста и точноста на податоците,
имплементација на нови и збогатени услуги, намалување на
непотребната социјална интеракција и сл. Зајакнувањето на
постојните центри за кариера на единиците со обуки на кад-
рите кои ги водат центрите во развиените кариерни центри
на универзитетите во странство исто така е од позначајните
задачи дефинирани во мојата изборна програма.
Kако професор од Медицинскиот факултет, која е Вашата визија за воведување на новини во функционирањето на Медицинскиот факултет?
Една од основните стратегиски цели за развој на Медицински факултет како составен дел на УКИМ е конти-
нуираното вложување на средства, работен ангажман и ентузијазам, со јасна визија и идеи за осовременување на
Факултетот во наставната, здравствено-апликативната и
научноистражувачката дејност. Медицинскиот факултет,
како најстара здравствена високообразовна установа во
државата, има голема одговорност за одржување на нивото и
квалитетот во наставата и пренесување на знаењето на пом-
ладите генерации. Нашата основна должност е да едуцираме
доктори по медицина кои ќе имаат современи теоретски и
практични знаења и вештини, применливи во здравствениот
систем во државата и светот. Негова мисија е да го одржува
постигнатиот квалитет и постојано да го подобрува во сите
области на својата дејност, со што се потврдува неговата
референтна позиција во државата и придонес со исклучител-
ни резултати во националната, регионалната и меѓународна-
та заедница.
Медицинскиот факултет веќе 74 години едуцира доктори по медицина и со тоа претставува столб на
здравствениот систем во нашата држава. Нашите кадри се докажани стручњаци во државата и надвор од неа што е
потврда за квалитетот на студиите на најстариот Медицински факултет во државата. За целиот овој период од
неговото формирање во 1947 година, Медицинскиот факултет ги прилагодува и усогласува студиските програми со
европскиот образовен систем и затоа дипломите од Медицинскиот факултет при УКИМ се препознатливи и признаени во Европа и светот. Тоа на што сметам дека треба да се посвети уште повеќе внимание е практичната обука на
студентите и специјализантите. За таа цел, потребно е да се
инвестира во осовременување на лабораториите за практич-
на обука на студентите во првите три години од студиите и
особен акцент треба да се стави на клиничката практична
обука за студентите од четврта – шеста година на студиите.
За сето ова е потребно инвестиција во инфраструктура, опрема,
но и кадар. Со добра организација на здравствениот систем,
каде во терцијарното здравство ќе стигнуваат само оние слу-
чаи (пациенти) кои навистина треба да се прегледуваат и тре-
тираат во универзитетските клиники, вработените во терци-
ерното здравство, кои воедно се и наставен кадар на
Медицинскиот факултет, ќе можат многу повеќе да се посве-
тат на практичната едукација на студентите и специјализан-
тите. Сметам дека оваа промена ќе овозможи докторите по
медицина да стекнат практични вештини и компетенции со
кои ќе може посамостојно и поефикасно да ја практикуваат
својата професија.
Што би им препорачале на сите учесници како Ваша порака при реализирањето на Вашата програма?
Исто како и досега и понатаму ќе настојувам заедно со
својот тим на соработници, студентите, наставниците, истра-
жувачите и сите други вработени на Универзитетот да се
чувствуваат почитувани и да бидат во центарот на нашите
интереси и залагања. Сите заедно треба да ги фокусираме нашите идни залагања во развој на научноистражувачката
работа и интернационализацијата на Универзитетот, бидејќи
тоа е трендот по кој се движат и се развиваат врвните универ-
зитети во светот. Мојата порака е посветена работа и кон-
структивна соработка во име на развојот и просперитетот на
нашиот УКИМ. Само на тој начин ќе ја реализираме нашата
визија и мисија УКИМ да продолжи да се зајакнува како модерна, динамична образовна и истражувачка институција
и да предничи како водечки, најдобар и најголем универзитет
во државата и регионот.
Поради пандемијата со ковид-19 на сите полиња, па така и во наставата на високообразовните институции,
се случија промени. Дали високообразовните институ-
ции успеа за краток период целосно да се прилагодат на новиот начин на функционирање базиран на Интернет платформи?
Со појавата на пандемијата, на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј“ во Скопје акцентот беше ставен на приспособување на новонастанатата состојба. УКИМ брзо се снајде и за релативно кус период започнаа наставно-образовните актив-
ности, кои успешно се одвиваа во пандемските услови, со
користење на расположливите платформи за онлајн учење и работење. Сосема мал дел се одвиваа со физичко присуство,
секако со почитување на мерките и препораките од надлеж-
ните институции за спречување на внесување и ширење на
корона вирусот ковид -19, утврдени во соодветни протоколи.
Мал дел од планираните настани и активности на УКИМ беа
одложени. Дозволете ми да бидам малку нескромен што не е
својствено на природата на мојот карактер и отворено и глас-
но да кажам, УКИМ одлично се снајде, немаше застој и непречено функционира во новонастаната состојба.

Вие сте професор на Медицинскиот факултет-Скопје при УКИМ.
Сметате ли дека наставата, а особено вежбите, може да се базираат главно преку Интернет, ако
знаеме дека наставата и совладувањето на теоретските знаења и нивната практика, на одредени факултети, исклучиво зависи од вежбите, односно од физичко присуство на студентите?
Како приврзаник на „старата школа“ јас лично ја претпочи-
там катедрата и сметам дека е незаменлива. Но, условите
налагаат адаптација кон новонастанатите услови. Искуствата
од изминатиот период покажаа дека наставата може да се
реализира без проблеми и на далечина. Впрочем, во овој
момент, немаме друга опција. Лабораториските вежби на
техничките, природните, медицинските факултети, потоа
специфичната индивидуална настава на уметничките факул-
тети се од исклучително значење, па затоа овие вежби и нас-
тавни активности се организираат во помал број или помали
групи со физичко присуство на студентите, секако со запазу-
вање на сите пропишани безбедносни мерки.
Каква е соработката на УКИМ во поново време со другите универзитети регионално и пошироко (размена на
искуства, наставно-научен кадар, размена на студенти)?
УКИМ е интензивно вклучен во процесот на интернацио-
нализација и зема активно учество во создавањето на европс-
киот високообразовен простор, како клучен фактор за наше
асоцирање во европската академска заедница. Со оглед на
улогата, поврзаноста и меѓузависноста на меѓународните академски заедници, како и неопходната потреба за создава-
ње и развивање на научни, технолошки и образовни иновации, меѓународната соработка на Универзитетот е фокусира-
на на засиленото учество во регионалните програми на ЕУ, ЦЕЕ-иницијатива, како и на соработката со универзитети од
целиот свет. Програмата Еразмус+ е двигател на модерниза-
цијата на високото образование во Европа, создадена да ја
поттикне мобилноста на студентите и наставниот кадар во
функција на нивно образување, доусовршување, размена на
искуства и индивидуална академска надградба. Еразмус+
програмата за мобилност вгради значајна европска димензија во образовните процеси на Универзитетот преку влезна-
та и излезната мобилност на студенти и наставен кадар, што
овозможува наша меѓународна препознатливост и реноме во
академското окружување и пазарот на трудот.
Каква е улогата на Медицинскиот факултет во период на пандемија?
Медицинскиот факултет, со својата наставно-образовна и
научна дејност, е столбот на здравството во нашата држава.
Освен едукацијата на здравствени кадри, во лабораториите на Институтите кои се организациони единици на Медицинскиот факултет се врши уникатна дијагностичка
здравствена дејност како сервис на Здравствените установи
во РМ. Во услови на ковид пандемијата, сите можни ресурси на Факултетот веднаш беа ставени на располагање на над-
лежните институции. Институтот за судска медицина и криминалистика се акредитира за спроведување на PCR тестира-
ња за дијагноза на SARS CoV2 вирусот, а лабораториите на
Институтот за имунобиологија и хумана генетика и Институтот за медицинска и експериментална биохемија
започнаа со серолошки тестирања, со што Медицинскиот факултет активно се вклучи уште од самиот почеток на пан-
демијата во скринингот на населението на корона вирусот.
Исто така, студентите на последните години од додипломските студии на насоката општа медицина веднаш беа активно вклучени во епидемиолошките служби за спроведување
на епидемилошките анкети, а дел од студентите и специјали-
зантите беа распределени во ковид центрите ширум земјата,
како поддршка и помош на тимовите за справување со кризата.
Медицинскиот факултет за многу кус период се прилаго-
ди на новонастанатите услови на функционирање во време
на пандемија и во однос на изведување на наставата.
Изведувањето на наставата веднаш се префрли на online
платформите, но истовремено беше набавена заштитна опре-
ма за студентите и вработените со цел непречено вршење на
високообразовната и здравствена дејност.
Што би им препорачале на докторите?
Мојата порака кон докторите е една: да не ја забораваат
благородноста на нашата професија во ниеден момент. Иако
има доста предизвици да се биде доктор денес, почнувајќи од
невреднувањето на трудот на лекарите, сѐ до нарушената
општествена почит, па дури и чести инциденти и напади,
сепак лекарската професија носи во себе нешто благородно, високо и би рекол, свето. Тоа е самата природа на нашата
работа – да се помогне на друг човек тогаш кога најмногу му
треба. Да, сите имаме реални потреби, но врвната сатисфакција од нашата работа е токму благодарноста и вреди силна-
та посветеност на секој еден доктор.
Каде го гледате развојот на здравството и кои се Вашите приоритети кон кои би го насочиле вашето ангажирање?
Континуираното вложување во едукацијата и доеудкацијата на здравствениот кадар е еден од основните предуслови за развој на здравството. Следењето и имплементирањето на најновите трендови во здравствената нега и заштита, раз-
мената на искуства со колегите од регионот и пошироко, како
и подобрувањето на условите за работа отсекогаш биле
врвен приоритет за коишто сум се залагал и како доктор и
како декан на Медицинскиот факултет и сега од позиција на
ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Улогата на
докторите во секој здравствен систем, па и во нашиот, е од
витално значење. Тие се основните двигатели и главната
алка во здравствениот ланец, без нив напредокот и унапред-
увањето на здравството се невозможни. Во оваа прилика, ја
поздравувам пожртвуваноста и посветеноста на нашите
здравствени работници во овие вонредни услови и им се
заблагодарувам за несебичниот придонес којшто секојдневно
го даваат во борбата со пандемијата.
Кој од двата повика е поблизок до Вашата природа: Човек кој едуцира генерации и се залага за унапредување
на наставно-научните процеси кај младите или хуманист кој спасува човечки животи?
Двата повика се подеднакво важни за мене и меѓусебно тесно поврзани. Една од основните причини поради кои ја
одбрав оваа професија е токму нејзината хумана димензија.
Можноста да се помогне и спаси човечки живот е привилегија на докторската фела. Нема зборови со кои може да се
објасни чувството кога сте направиле интервенција со која
сте го ослободиле пациентот од болка, кога сте му го продолжиле животот. Но, од друга страна, професорската професија
ми дава можност да едуцирам млади идни доктори, да го пренесам стекнатото знаење и искуство и со тоа да го дадам
својот придонес во развојот на здравството во нашата држа-
ва. Исто толку тешко е да се објасни чувството на гордост
кога сте едуцирале млади колеги кои станале успешни доктори во струката и науката.





