Рекорди на задолженост, јавниот долг во вис: Генерации ќе го плаќаат цехот од корона кризата

Пандемиската криза која силно влиајеше на економијата предизвика турбуленции, страдаше реалниот сектор, а македонската економија се уште го плаќа цехот. Додека меѓународните институции очекуваат дополнителен финасиски стимул за граѓаните, особено за фирмите во следниот период, Владата е во предизвик да ги изменаџира трошењата, во услови кога се зголемува јавниот долг. Министерот за финансии Фатмир Бесими, во својата последна колумна алудираше дека за фискалниот стимул потребно е да се најдат финансии кои ќе треба да се „увезат“, односно да се позајмат. Потребите од идни задолжувања во реалноста се огледаа и во новата Фискална стратегија за периодот од 2022 до 2024 со изгледи до 2026 година. Според проекциите, најкритична ќе биде следната година 2022 кога е предвидено јавниот долг да достигне 65,9 проценти од БДП.



Проекциите за јавниот долг по години

2021 63,9% од БДП

2022 65,9% од БДП

2023 65,2% од БДП

2024 62,5% од БДП

2025 60,1% од БДП

2026 57,7% од БДП

Моментно јавниот долг на државата е 62,5 отсто од БДП, а за годинава се очекува долгот уште да расте и да достигне до 63,9 проценти. Експертите велат дека ова се стапки кои влеваат несигурност од идните изгледи и капацитет на земјата да ги враќа старите долгови. Самиот министер за финансии Фатмир Бесими вели дека мора да с енајде начин се што ќе се позајми да се претвори во раст за да имаат можност идните генерации да ги враќаат долговите објави Фактор.мк.
Линк целиот текст.