„Нема пресметка за тоа колку би чинела најавената реконструкција, нема план, ниту проект за реализација.



Откако три години купија со лагата за дислокација сега смислија нова“, соопштија од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје откако градоначалник Петре Шилегов соопшти дека се обезбедени два милиони евра од ребалансот на Буџетот за реконструирана Универзална сала.

Според Шилегов, салата ќе остане на постоечката локација со постојниот габарит.

„Претходната власт на ВМРО ДПМНЕ на Петре Шилегов им остави два завршени проекти. Еден за комплетно нова сала на истото место и вториот проект за темелна реконструкција со проширување на истиот.

Бидејќи поминаа три години, а ниту една од можностите не ги искористија, јасно е дека Петре Шилегов “мати празна слама” и продава басни додека Универзалната сала пропаѓа. За три години кое и решение оставено од Трајановски да го искористеше денес Скопје ќе имаше нова сала“, се вели во соопштението.