Денеска ќе се врши реконструкција на настанот кој се случи лани на автобуска станица во скопската населба Автокоманда, во кој животот го изгуби Никола Саздовски – Саздо.



Според обвинителнието акт, на 29 јуни обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири заедно со Ј. Љ. (19), го пресретнале и крвнички го претепале Саздовски.

Од здобиените повреди, Саздовски падна во кома и почина на 9 јули година на одделението КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а Ј.Љ. е во бегство.