Рочиштето за случајот „Рекет“ повторно се одложи. Причина е неприсуството на адвокатите на Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска.
Во судницата беа присутни Јаневa, Бојан Јовановски како и обвинителката Лиле Стефанова која требаше да сведочи.
Според судијката Фрчкоска има има отворено боледување, а Кадиев се наоѓа на клиничко боледување.
Јанева, запрашана дали прифаќа нои браниители, одговорила: Јас имам бранители. Не би сакала да бидам погрешно сфатена. Ваши се одлуките, вие одлучете“.
Судијката рече дека доколку во понеделник, 27 јануари не се појават бранителите ќе побараат да се назначат нови бранители.





