„Рекет“: Девет години за Боки 13, седум за Јанева

По 42 одржани судски рочишта, судијката Васка Николовска-Масевска заедно со судечкиот совет во случајот „Рекет“ пресуди 7 години  затвор за специјалната обвинителка Катица Јанева и девет години за Бојан Јовановски -Боки 13.



Судот и определи 7 годишна казна на поранешната шефица на СЈО за злоупотреба на службената положба и овластување. Првообвинетиот во овој случај, Јовановски, е осуден за две кривични дела и тоа за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, додека

Јанева не присуствуваше на изрекување на пресудата.

Во случајот со тројца обвинети, за Јовановски и за третообвинетиот и осуден на три гоодини Милески-Кичеец, се вели дека земале 1,5 милион евра од бизнисменот Јордан Камчев за да му ја олеснат положбата во случајот „Империја“.

За Јанева било утврдено дека земала 50 илјади евра и гарнитура вредна пет илјади евра.

Случајот доби и нов тек откако истрагата на 9 октомври се прошири на уште четири лица, меѓу кои потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13 Миле Јовановски и асистентка на Јовановски Христина Блажевска.