Река: Со двојните стандарди, ЕУ нема да ја оствари визијата за геополитичка Европа

„Со својата политика на двојни стандарди, тешко дека ЕУ ќе може да ја оживотвори својата визија за ‘‘геополитичка Европа’, оставајќи го и Балканот во геополитички ‘вакуум’, поради толерирањето на Бугарите – ‘руските тројански коњи’ на Балканот – вели д-р Блерим Река, професор по меѓународно право и евроинтеграции на Штуловиот универзитет во Тетово, како и поранешен македонски амбасадор во Брисел, во ЕУ, во својата колумна со наслов „Црвената линија на ЕУ на Балканот“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Река пишува: „Единаесет години се одвива дијалогот на Брисел со две држави со различни стратегиски ориентации: проруската Србија (со 95 отсто поддршка за Москва и само 11 отсто за ЕУ) и проевроатлантското Косово (со 93 отсто за ЕУ и 95 отсто за НАТО).“

„Наспроти ова, Брисел продолжува со преговорите за зачленување со Белград, иако тој не ги спроведува санкциите кон Русија и иако тој продолжува да се вооружува од страна на Србија и Кина. Од друга страна, Косово и натаму останува на линијата на надворешната политика на Европската Унија, иако таа дури и режимот на визи се уште не го отстранува за Косово!“

„Со таквата политика на двојни стандарди, тешко дека ЕУ ќе може да ја оживотвори својата визија за ‘геополитичка Европа’. ‘Стратегискиот’ компас на ЕУ не може да се навигира во еден Балкан оставен во геополитички ‘вакуум’, поради толерирањето на Бугарите – ‘руските тројански коњи’ – на Балканот.“

„Ставот кон руската инвазија во Украина треба да биде определувачки критериум за балканските држави“