Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, верува дека тој и Гордана Силјановска ќе поминат во вториот круг на претседателските избори.
Што се однесува до кандидатот Блерим Река, Пендаровски во интервју за Ал Џезира вели:
„Реалните проценки покажуваат дека тој не може да помине во вториот круг, но грубо кажано, тој во првиот круг ќе ги земе „моите “ гласови. Моја поддршка е и албанскиот електорат, и нормално е да се очекува дека господинот Река ќе добие најмногу гласови од тој ентитет“ – вели Пендаровски.
За неговото учество на претседателските избори во 2014 година кога противкандидат му беше актуелниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, Пендаровски вели:
„Јас не сум член на ниту една партија, но политички се согласувам и соработувам со СДСМ веќе осма година. Во 2014 година бев независен кандидат на претседателските избори, и тогаш добив значителен број албански гласови, околу 35.000. Но, тогаш, на власт, беше автократски режим, вклучувајќи ја и најголемата и главна албанска партија, Демократската унија за интеграција.
Сега ДУИ е во владејачката коалиција (со СДСМ) политичките и социјалните конотации се сосема поинакви“, вели Пендаровски.
Целото интервју на следниот ЛИНК





