Грејна сезона не се започнува со помалку од 500 илјади тони јаглен, а во моментов на депонииите има само 40 илјади тони, што е карактеристочно за летните месеци, вели пПоранешниот директор на РЕК, Спиро Мавровски за Канал 5 .
„Ако работат три блока тоа е јаглен за три дена, вели Мавровски.
За тешка енергетска криза, алармира и Горѓи Манасков, Претседател на Стопанската комора за енергетика.
„Со двата блока или тоа би потрајало некое време, но моќноста е таа и може да идржи повеќе но е многу малку или недоволно електрична енергија што ја имаме од РЕК Битола.“ вели Манасков.
ЕСМ се уште одлучува од која фирма и по која цена ќе купи 900 илјади тони јаглен. Очекувањата се да пристигне најбрзо во декември. Според двајцата експерти набавката е задоцнета, но и транспортот ќе оди тешко, бидејќи станува збор за голем број на камиони кои ќе треба да го качуват Плетвар во зимските месеци, објави МКД.Мк






