За ширење говор на омраза, против поглаварот на Исламската верска заедница е поднесена пријава до МВР од страна на Хелсиншки комитет за човекови права.



„Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави челникот на ИВЗ на 14 март за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија, а пред три дена видеото од говорот, постираше на Фејсбук.

„Користењето говор на омраза од страна на вршител на висока верска функција и човек со големо влијание во јавноста е особено опасно и недозволиво. Во една мултиетничка и мултиконфесионална држава, верските лидери треба да се свесни за својата улога и да дејствуваат во духот на толеранцијата и соживотот, а не да иницираат и разгоруваат нетрпеливост и омраза. Од тие причини, побаравме од МВР веднаш да постапи по оваа пријава и да ги преземе сите мерки согласно законските прописи“, истакнуваат од Хелсиншкиот комитет.