Реизот на ИВЗ беше, поглаварот Стефан не дојде на владината забава за ЕУ (ФОТО)

На фотографиите од вчерашната забава на владата во чест на, според СДСМ и ДУИ почеток на преговори, се гледа првиот човек на Исламската верска заедница.



Вообичаено на вакви настани тој стои до поглаварот на Македонската православна црква Охридска Архиепископија Стефан но вчера него го немаше.

Со оглед на присуството на Реисот ул Улема Шаќир Фетаху логично е покана да имало и до поглаварот на МПЦ-ОА.

Ако воопшто не бил поканет тоа е огромен скандал а ако одбил и не сакал да дојде тоа е порака дека поглаварот Стефан и МПЦ не се согласуваат со одлуката на владата да почне преговори со ЕУ врз основа на бугарските барања кои задираат во националниот идентитет на Македонците.

Од владата и МПЦ официјално нема соопштение зошто Г.г. не бил на таканаречената прослава.

МПЦ-ОА нема објавено информација дека поглаварот Стефан е на пат или дека имал други обврски.

Најчитани вести

Медиумот близок на структури во СДСМ со проценка за Македонците во Бугарија

Фокус: Ќе се откажеме од милион Македонци а ќе внесеме 3504 Бугари во уставот