Јавното обвинителство го чека на распит поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.



„Случајот е предаден на надлежен јавен обвинител кој ќе постапи по пријавата. Исто така поглаварот на Исламската Верска Заедница е повикан да даде изјава во обвинителството“ – велат од Основно Јавно Обвинителство.

Изјавата на поглаварот Реџепи кој го нарече македонскиот народ „див“ и „непримерен народ без идентитет“, наиде на низа осуди, најпрво од Хелсиншкиот комитет, од јавноста од  Владата и од верските заедници. 

Од ИВЗ велат дека изјавата на реџепи е извадена од контекст, и дека во ниту еден момент Реџепи не споменува „Македонци“, а кога зборува на див и непримерен народ без идентитет мислел на жителите во село Лажец, каде се уште немало изградена џамија.