Цените на нафтата на светските берзи оди нагоре, со што се очекува и зголемување на цените на нафтените деривати.
Дали цената на горивата ќе се менува на „дневно ниво“
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека во тек се пресметки кои во зависност од резултатите ќе покажат дали се исполнети предусловите РКЕ денеска да донесе нова одлука или не за цените на нафтените деривати, пренесува Фактор.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги утврдува цените на дериватите по старите правила на игра, а не според новите мерки кои денеска ги донесе Владата и за кои информираше премиерот Димитар Ковачевски, со оглед што за новите мерки да стапат во сила, ќе мора прво соодветните закони да се изгласаат во Собранието, пишува порталот.







