Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за поскапување на парно-греењето за 60.000 домаќинства во Скопје од 1 август според тарифниот систем кој бил прифатен вчера на подготвителната седница.
На вчерашната подготвителна седница, според она што е објавено на интернет страницата на РКЕ, прифатено е снабдувањето со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас на мерно место.
Тоа е за 15 проценти повеќе од последната одлука пред половина година кога тогашната нова цена беше дефинирана на 2,4174 денари по киловатчас, објави Фактор.
Останува да се види дали денеска официјално ќе има некакви промени и евентуално дали државата, со оглед на тоа дека ќе ја превземе работата на БЕГ преку АД ЕСМ, ќе субвенционира нешто од трошоците.







