Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), по вчерашното разгледување на барањето на БЕГ, денеска се очекува да соопшти колку ќе поскапи парното. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, ќе се бара начин да нема драстично зголемување на цената.



Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава Фактор.

Тоа, смета Бислимовски, не е опција, зашто корисниците на парно ќе се исклучат од системот и за греење ќе почнат да користат електрична енергија.

Бислимовски изјави дека ако е потребно локалната самоуправа треба да обезбеди и субвенции за потрошувачите за да се избегнат ценовните шокови.