Образовната реформа на екс министерката за образование Мила Царовска ,,урна” вечен математички закон по што се наметнува логично иронично прашање дали Македонија добива нов нобеловец по Заев?
Според учебник правен по правилата на Царовска кои ги прифати и актуелниот министер за образование Јетон Шаќири македонските реформисти на образованието за прв пат ,,докажуваат” дека не важи законот кој е поставен од основањето на математиката како наука.

,,Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста.
Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш до сега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната.
Одеднаш -190!
Нешто сум пропуштила!
Живот во заблуда!
Ми се плаче, ми се урла”, пишува професорката по математика Фросина Митрушева која иронично ги користи следниве хаштази:
#човекучидодекаежив
#зиниземјоголтниме
#јохисфедавинаљуби
Засега никој не презема одговорност за тоа што учебник по математика е печатен со шокантно неточни информации.






